Костелиќ удри по своите: Патеката на Слјеме е идиотизам

Најдобриот скијач во историјата на Хрватска, Ивица Костелиќ, има жестоки критики за квалитетот на патеката на Слјеме крај Загреб каде деновиве за одржуваа трките од Алпскиот светски скијачки куп.

„Кој го поставуваше ова, па ова е идиотизам. Ова нема врска со Светски куп, ова е патека за деца. Луѓето кои го водат Светскиот куп мора добро да размислат што ќе прават понатаму“ – рече Костелиќ во телевизиска емисија.

Таткото на Ивица и на Јаница, Анте со години беше на удар на скијачите поради тоа што во претходните сезони поставуваше исклучително тешка патека за техничките дисциплини.

 

 

 

 

 

Се вчитува...