Кадетската ракометна репрезентација на Македонија ја оствари првата победа на мундијалот. По голема борба падна Нигерија со 37-34, а убедливо најдобар поединец во нашиот национален тим беше Ненад Костески. Тој вели дека публиката ги кренала младите ракометари по стартниот пораз од Аргентина.
„Го загубивме мечот со Аргентина, но се обединивме со кренати глсви и благодарение на публиката која дојде во салата успеавме да дојдеме до првата победа. Ја зацврстивме одбраната и успеавме да ја совладаме Нигерија. Сега треба добро да го анализираме Бахреин и сите заедно да се потрудиме да оствариме нов триумф за да обезбедиме пласман во осминафиналето“, изјави Ненад Костески, кој беше најдобар стрелец со 13 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА