ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Ненад Костески ја остави зад себе тешка повреда на коленото и се врати на терените навреме за да влезе во форма во клупски план, за потоа во топ-ритам да го дочека овој светски шампионат во дресот на македонскиот репрезентативец.
Тој го одигра својот најдобар меч на ова СП, постигнувајќи пет гола на дуелот со Катар, во победата со која нашите ракометари уште покажаа дека можат да играат на највисоко ниво на големите натпреварувања.
„Да бидам искрен, се подготвувамвме иако немавме доволно време. Сите верувавме во победа и ја посакувавме, а на крајот успеавме да ја реализираме целта. Многу сме среќни и задоволни, мислам дека Македонија навистина може да се радува бидејќи играме едно одлично првенство досега. Игравме добар меч, дадовме доста голови и стануваме препознатливи по тој брз центар. Мислам дека во тоа го добивме овој натпревар“, изјави Костески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА