ЕКИПА во Вараждин,
Стеван Цаневски
Македонските ракометари го искористија денешниот ден за одмор и рекуперација во пресрет на утрешниот дуел против селекцијата на Гвинеја.
Африканската репрезентација претрпе два убедливи пораза од стартот на ова СП, но нашите репрезентативци се свесни дека само со максимална фокусираност во текот на сите 60 минути може да се стигне до посакуваниот резултат.
„Мора да го заборавиме натпреварот против Холандија и да се издигнеме, бидејќи утре не чека последниот дуел од групната фаза, кој за нас значи пласман во главната рунда, нашата главна цел на ова Светско првенство. Иако станува збор за дебитант на овој шампионат и зад себе има два порази мора да бидеме претпазливи, не смее да се потцени ниту еден противник. Мечот против Гвинеја ќе биде различен од останатите, имаат специфичен стил на игра, спротивен од европските земји. Краткото време ќе го искористиме за анализа на противникот. Мора да бидеме максимално сконцентрирани од првата до последната минута. Сите сме мотивирани, подготвени за нова борба. Имаме поддршка од публиката и тоа е најважно“, изјави Ненад Костески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

