Костески: Навистина сме добра репрезентација, напредуваме од ден во ден…

ЕКИПА во Солун,

Стеван Цаневски

Ненад Костески ја имаше улогата на херој на вечерашниот дуел во Солун, откако крилниот ракометар го постигна клучниот гол за Македонија носејќи реми против селекцијата на Грција.

Тој не го криеше задоволството од постигнатиот погодок, воедно и најавувајќи уште подобри денови за македонската ракометна репрезентација.

„На крајот на мечот успеавме да реализираме важен гол. Навистина не заслуживме да го загубиме овој меч, бидејќи 45 минути игравме добро. Примивме брзи голови на празен гол, на наши технички грешки успеавме да ги вратиме Грците во игра. Имаме одлична атмосфера, навистина сме добра репрезентација. Задоволни сме од она што го работиме, напредуваме од ден во ден. Се надевам дека ќе извлече поука од сето ова и веќе утре нема да ги повториме истите грешки, и секако ќе извојуваме победа за крајот на оваа ЕХФ недела“, изјави Ненад Костески.

Се вчитува...