Костески неизвесен за СП во Хрватска

Никола Костески се уште е повреден и нема наскоро да се врати на ракометните терени, објави денеска тренерот на Алкалоид, Кире Лазаров во пресрет на европскиот двомеч со Вест Виена.

Искусното десно крило се повреди пред повеќе од еден месец, но рехабилитацијата тече побавно од предвиденото.

Костески вчера беше на прегледи, по што беше утврдено дека повредата не е санирана и ќе треба да мирува уште извесно време. Неблагодарно е да се каже кога повторно ќе биде во тимот, сепак здравјето на играчите е најважно од се и нема да брзаме. Неизвесно е дали тој ќе може да настапи на СП во Хрватска, но како што кажав здравјето е апсолутен приоритет. Подолго време повреден е и Дамјан Митев, кого го очекуваме да се врати по зимската пауза“, изјави Лазаров на денешната прес-конференција.

Се вчитува...