Костески: Нема подобро чувство кога гледаме дека цела нација е горда на нас…

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Македонските ракометари го искористија вчерашниот ден за опуштање и полнење на батериите пред денешниот последен дуел на СП 2025, во кој избраниците на Кире Лазаров за противник ќе ја имаат големата Франција.

„Триколорите“ се фаворити за медал и на ова големо натпреварување, но македонските ракометари се решени да одиграат без страв, давајќи го максимумот за достојно збогување од овој мундијал на кој Македонија прикажа одличен ракомет.

Се вчитува...