Костески: Ни треба подобар напад ако сакаме успех со Португалија

ЕКИПА во Хернинг,

Стеван Цаневски

Никола Костески ја имаше улогата на најискусен во нашиот табор (заедно со Никола Маркоски) на дуелот против Данска што македонската репрезентација го загуби со 12 гола разлика.

Сепак, кај нашето десно крило постои оптимизам за подобра игра на утрешниот дуел со Португалија, на кој сме способни да му ги замрсиме сметките на фаворитот.

„Знаевме која е Данска, се подготвувавме за да одиграме добар меч, но не почнавме како што треба. Иако извесен период добро париравме, тие го кренаа темпото и стигнаа до двоцифрена победа. Контранападите се нивно главно оружје, а ние не успеавме да ги запреме онака како што посакувавме. Сепак, тој дуел го оставаме зад нас и целосно сме насочени кон мечот со Португалија, најважен за нас на овој шампионат. Против Данците ни недостигаше течност во нападите, тоа е она што ќе мораме да го поправиме на дуелот со Португалија. Тие се исто така брзи, но не толку брзи како Данска, ние сме подготвени за она што не очекува и се надевам дека ќе им донесеме радост на македонски навивачи“, изјави Никола Костески.

Се вчитува...