Ненад Костески постигна два гола на своето официјално деби за Алкалоид, а десното крило не го криеше разочарувањето по убедливиот пораз на гостувањето против Хановер.
Македонскиот репрезентативец ги потенцираше промашените зицери како главна причина за поразот, но и најави дека овој тим на Алкалоид допрва ќе го покаже своето вистинско лице.
„Главен фактор за овој пораз беа нашите промашени зицери. Имавме доста промашени шанси, ако ги реализиравме тие моменти, резултатот ќе беше поинаков. Сметам декаа може многу да се поправиме во тој сегмент, да ја вратиме самодовербата и можеме до многу подобар резултат на реваншот иако против нас имаме квалитетен тим од Бундеслигата. Мислам дека ова не беше нашето вистинско лице, верувам дека сме подобар тим и може да се прикажеме во подобро светло на реваншот“, истакна Костески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

