Слабото издание на македонската кадетска репрезентација во последниот натпревар од групната фаза доведе до најубедливиот пораз во досегашниот тек од шампионатот. Разочарување од резултатот, но и од прикажаното има и кај репрезентативците.
„Се подготвуваме за Јапонија, ни значеше кое место ќе завршиме во групата. Не знам што се случи, одигравме катастрофално, најлошиот меч на СП беше овој со Јапонија. Противникот не надигра, дефинитивно. Сега за нас следи Португалиј, вкрстуваме со нив. Останува да ги подигнеме главите горе и да се подоготвуваме најдобро. Мора со Португалците да го одиграме најдобриот натпревар на ова СП ако сакаме наредна фаза“ – вели најдобриот стрелец во нашиот тим, Ненад Костески.
Осминафиналниот дуел против Португалија, македонските кадети го играа в четврток, победникот од тој меч во четвртфиналето ќе се соочи со подобриот од натпреварот меѓу Фрнација и Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА