Поранешниот ракометар на Металург, Никола Костески, повторно ќе биде дел од СЕХА-лигата откако денеска потпиша договор со екипата на Татран Прешов.
Словачкиот првак беше во потрага по играч кој би бил дополнителна опција за позицијата десно крило, експресно ги договори условите со Костески, по што беше потпишан договор до крајот на оваа сезона.
Никола Костески по заминувањето од Металург настапуваше во Турција, сезонава беше меѓу најдобрите поединци во тимот на Селка, но поради финансиски проблеми во клубот реши да го следи примерот на многумината што си заминаа и кариерата да ја продолжи во Словачка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА