Ракометарите на Алкалоид сосема очекувано се израмнија на врвот од табелата со максимална шеста победа во Суперлигата на Македонија откако триумфираа во 6. коло против Струга со убедливи 35-20 (17-7).
Од самиот почеток на дуелот беше сосема јасно дека избраниците на Кире Лазаров лесно ќе се справат со стружани кои не можеа да пружат посилен отпор.
Па, уште во првото полувреме Алкалоид дојде до двоцифрена предност, која потоа рутински ја одржуваше и зголемуваше и во вториот дел, на крај за конечни 35-20.
Најдобар поединец кај Алкалоид беше Ненад Костески со 13 гола, додека кај стружани се издвои Богдан Мишковиќ со шест гола.
По оваа победа Алкалоид се израмни со Охрид на врвот од табелата со шест победи од исто толку натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА