Ненад Костески ги остави зад себе разочарувачките настапи од првите две средби и одигра најдобро кога беше најважно. Десното крило постигна атрактивен цепелин пред крајот на првото полувреме, но потоа блесна во најважниот момент – погодувајќи во трката со времето, на една секунда до крајот – за голема победа над Романија.
Во изјавата по мечот ракометарот на Алкалоид опиша како тој ги виде и почувствува тие последни секунди од трилер-завршницата.
„Тргнав напред, знаев дека сме вишок и чекав да добијам топка. Се вртев гледав, среќа Фитиљ (Кузмановски) ме виде. Кога ја фатив топката мислев само на едно. Морам гол. По секоја цена, паднал на глава – паднал на глава. Знаев дека морам. Знаев колку е резултат, знаев што значи евентуална победа… Ми се случувало, не многу често да шутирам за решавање на натпревар. Но, ова е поинаку. Ова е ЕП, шут за победа, за Топ 16… Ќе го паметам овој момент целиот живот, чувството е фантастично, непроценливо“, изјави стрелецот на победничкиот гол, Ненад Костески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

