Костиќ: Убеден сум дека Албанија нема да се пласира на СП 2026

Србија триумфално го заврши овој квалификациски циклус, но главната цел не беше остварена – северниот сосед на стигна до првите две места во групата, па нема шанси ни преку бараж да стигне до мундијалски билет.

Англија ја оправда фаворитската улога во групата, но Србите особено ги боли домашниот пораз од Албанија поради кој останаа без второто место. Капитенот Филип Костиќ не го крие разочарувањето по овој неуспех, но исто така и тврди дека Албанците нема да се пласираат на претстојиот мундијал.

„Тешко ни е бидејќи уште пред овој прозорец практично ги загубивме шансите за пласман, дури и за второто место. Ако бевме втори, знам дека ќе се квалификувавме. Исто така, убеденн сум дека Албанците немаат квалитет и дека нема да играат на мундијалот следното лето“, истакна Костиќ.

Тој го пофали доаѓањето на Пауновиќ на кормилото како вистински потег за српскиот национален тим.

„Се чувствува ефектот на промена на селекторот. Добро работиме, тој е стратег со нови идеи што ќе ни помогнат да напредуваме. Потребно ни е време, но секако треба да преземеме одговорност за неуспехот во овие квалификации. Победата над Летонија не е голема, но е многу важна за нашата самодоверба за во иднина“, прокоментира фудбалерот на Јувентус.

Се вчитува...