Репрезентативецот на Србија, Филип Костиќ призна дека е воодушевен од трансферот во Јувентус, па упати само комплименти до италијанскиот гигант. Тој по четири години го напушти Ајнтрахт и се реши Италија да биде негова нова дестинација.
Србинот се обврза на договор до 2026 година.
„Лесно е да се каже „да“ на Јуве. Дадов се од себе и напорно работев. Затоа мислам дека заслужив да дојдам во ваков клуб. Кога таков гигант е заинтересиран за вас, заминувањето секогаш е вистинска одлука“, изјави Костиќ за официјалниот сајт на Јувентус.
Филип откри и дека веќе разговарал со неговиот сонародник Душан Влаховиќ.
„Разговаравме, среќен сум што ќе бидеме заедно. Тој е еден од најдобрите напаѓачи и одлично е да се игра со него во ист тим“, потенцираше српскиот фудбалер.
Da 𝙗𝙧𝙖𝙩𝙚 a 𝙥𝙖𝙣𝙞𝙩𝙖 è un attimo 😍
Il primo giorno di Filip Kostić alla Juventus 🎥⚪️⚫️Guarda il video intero qui ⤵️
— JuventusFC (@juventusfc) August 13, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА