Александар Костоски е кошаркарот од кој се очекува да го разбуди Работнички во вториот дел од сезоната, откако искусниот плејмејкер потпиша договор со „центарци“.
Костоски беше без ангажман уште по истекот на договорот со Пелистер на крајот од ланската сезона, трпеливо чекаше да добие вистинска понуда и на крајот реши да се врати назад во Работнички, клуб чии бои со успех ги има брането во минатото.
Работнички за жал се соочува со огромна финансиска криза, тимот повторно е блокиран од ФИБА за трансфери, но истите согласно правилата не се однесуваат за домашни играчи чиј последен клуб бил од македонскиот шампионат.
Затоа, овие забрани не би ја блокирале и регистрацијата на Костоски како нов плејмејкер на тимот, па ветеранот би можел веднаш да му се стави на располагање на тренерот Мирковски. Костоски најверојатно нема да биде во комбинација викендов против ТФТ, но веќе во наредниот период би можел да го има својот камбек во дресот на Работнички.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

