Александар Костоски претрпе нов пораз со екипата на Питешт, откако и покрај одличниот почеток на натпреварот неговиот тим загуби на гостински терен на дербито со Стеауа со убедливи 77-65.
Кошаркарите на Питешт изненадија со одличниот старт на мечот, добивајќи ја првата четвртина со 11-18, за во 14. минута гостите да имаат и огромна предност од 13-28. Сепак, Стеауа се разбуди, до крајот на полувремето намали на 30-35, за потоа во вторите дваесет минути домашните кошаркари да направат целосен пресврт и да дојдат до победата. Во последните десет минути поголемиот дел од акциите одеа преку бугарскиот интернационалец Маринов, нападот на Питешт загуби на инвентивност, а Стеауа знаеше како да го казни тоа и да стигне до победата.
Костоски беше расположен за разигрување на соиграчите и го заврши натпреварот со осум асистенции, наспроти слабиот шут од поле (1/8) за само три постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА