Костоски ја заврши репрезентативната кариера

Македонската репрезентација ќе биде дополнително ослабена на претстојниот меч со Романија поради неиграњето на Александар Костоски. Искусниот плејмејкер донел одлука за завршување на својата репрезентативна кариера и за истото веќе го известил селекторот Јорданчо Давитков.

Александар Костоски разговараше со мене и ми кажа дека од лични причини повеќе нема да настапува за репрезентацијата. Се обидов да го убедам да настапи барем со Романија, не успеав… Тој е играч што секогаш одговарал на нашите повици, бил тука да помогне и сега треба да го почитуваме неговиот став“ – изјави Давитков.

Костоски долги години е член на националниот тим, ги мина сите младински категории на Македонија, а во негово отсуство улогата на прв плејмејкер на дуелот со Романија најверојатно ќе му припадне на Андреј Магдевски.

Се вчитува...