Александар Костоски се враќа назад во македонскиот шампионат и во следната сезона ќе го носи дресот на Гостивар. Плејмејкерот реши да си замине од романскиот прволигаш Питешт, како најсериозна опција долго време важеше неговиот поранешен клуб Куманово, но откако не постигна договор со оваа екипа седна на маса и експресно се договори со гостиварци.
„Александар Костоски е наш кошаркар за претстојната сезона. Добиваме големо засилување, како потврда за амбициите што клубот ги има за шампионатот што претстои“ – изјави тим-менаџерот на Гостивар, Бали Саити.
Македонскиот репрезентативец експресно ќе му се стави на располагање на Марјан Србиновски, неколку дена ќе тренира со гостиварци, а потоа ќе почне со подготовки со националниот тим за претстојните претквалификации за Евробаскет 2021.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА