Александар Костоски беше во главна улога во првата победа на Питешт во „лигата за титула“ во Романија, откако неговиот тим по голема битка славеше над Клуж со 78-74. Клуж како второпласиран тим на табелата важеше за фаворит, но Костоски и соиграчите одиграа одличен меч и на крајот заслужено се радуваа на триумфот.
Огромен придонес во победата имаше токму македонскиот интернационалец, кој имаше мирна рака во последната минута, па со четири реализирани слободни фрлања не им дозволи на гостите да се вратат во мечот.
Костоски на крајот го заврши натпреварот со 16 поени и пет асистенции, со што беше втор стрелец на Питешт, зад Агафонов со 21 поен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА