Македонскиот фудбалски второлигаш Беласица полека, но сигурно го комплетира ростерот за новата сезона во мак-фудбалот.
Струмичани денеска го официјализираа потписот Марио Костов. Тој е играч кој ги покрива крилните позиции и ќе претставува уште едно освежување во ростерот на струмичани.
Тој минатата сезона настапуваше за Детонит, а претходно беше дел и од екипите на Брера и Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

