Тренерот на Левски, Николај Костов секако е задоволен од победата на неговиот тим и на вториот натпревар од пресметката со Шкупи во 2. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига.
Сепак, Костов на синоќешната прес-конференција истакна дека посакувале поубедлива победа и подобра игра пред преполниот стадион во Софија…
„Ми се допадна атмосферата, и честитам на публиката. Дури и голот на крај е награда за публиката, на која и благодариме. Мора да признаеме дека не бевме многу убедливи. Сакавме убедлива победа, но работите не ни одеа најдобро во нападот, товарот падна на одбраната и средниот ред и ја загубивме контролата во вториот дел. Има такви натпревари, ќе ги анализираме. Имаше одредена физичка исцрпеност која влијаеше на некои фудбалери. Сепак, им честитам на нашите фудбалери“ – истакна Костов и дополни:
„Имаше многу дуели, прекини, што веројатно влијаеше. Посакував да има подобра комунимација меѓу играчите во средниот ред и нападот. Во овој натпревар сами си ги комплициравме ситуациите. Верувам дека на следните средби ќе бидеме подобри“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА