Новиот тренер Игор Котевски ја одржа првата прозивка во тимот на Голден Арт КЛ7, амбициозниот скопски суперлигаш кој по необезбедениот влез во плејофот сега погледите целосно ги насочува кон борбата за опстанок.
КЛ7 во првиот дел од сезоната се натпреваруваше во СЦ „Борис Трајковски“, но овој клуб се реши за промена, па плеј-аут натпреварите ќе ги игра во СЦ „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром.
„Вечерва во комплетен состав во СЦ „Јане Сандански“ ја стартувавме мисијата опстанок во суперлигашка конкуренција, со најмлад состав и 100% македонски ракометари. Според плановите на тренерот Котевски комплетно подготовките ќе се реализираат во Скопје и ќе се одиграат неколку подготвителни натпревари“, објавија од Голден Арт КЛ7.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА