Котевски си замина од Голден Арт КЛ7

Игор Котевски повеќе не е шеф на стручниот штаб на Голден Арт КЛ7, откако поранешниот македонски репрезентативец денеска се раздели од скопскиот клуб, кој не успеа да обезбеди опстанок во Супер-лигата.

Котевски дојде во КЛ7 за време на зимата, откако беше донесена одлука за разделба од тренерот Андон Бошковски. Тој ја водеше и младинската екипа со која стигна до шампионската титула, што сепак се покажа недоволно за тој да остане да го води тимот и наредната сезона.

„Ракометниот клуб Голден Арт КЛ7 ја информира македонската спортска јавност дека заклучно со 22.06.2021 година (вторник) престануваат сите обврски за ангажман како главен тренер во клубот на досегашниот прв тренер Игор Котевски. На Котевски му благодариме на досегашната соработка и за придонесот во развојот на нашиот проект и му посакуваме многу успех во следните ангажмани. Клубот во текот на следните неколку дена ќе информира за новото решение за прв тренер на клубот“, објави скопскиот клуб.

Се вчитува...