Струмичка Беласица го промовираше второто зимско засилување, со враќањето на Александар Коцев, кој по шест месеци се враќа во својот тим.
Коцев, кој е поранешен младински репрезентативец на Македонија. во дресот на Беласица дебитираше на свои 16 години, има одиграно повеќе од 100 натпревари и постигнато 24 гола, и по шест месеци надвор од тимот повторно се враќа во клубот.
Ново засилување промовираше и штипска Брегалница во името на Димитриј Попоски кој доаѓа од Охрид Лихнидос, а претходно настапуваше за Силекс, Тетекс, Работнички, Борец и младинците на Вардар.
Брегалница веќе ги договори и пријателските натпревари за време на зимскиот подготвителен период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА