Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач беше бесен после минималната победа од 1-0 против третолигашот Есен во почетното коло од Купот.
Стрелец на голот беше Гираси дури во 79. минута од средбата. Борусија одигра слаб натпревар, но тренерот беше лут поради тешката повреда на неговиот играч, Јан Коуто по еден остар старт од страна на противнички играч, по што може дури да пропушти голем дел од сезоната.
„Да бидам чесен, не се игра така. Ова е невнимание и изгледа како да има намера. Не знам колку ќе паузира, да ги почекаме резултатите од тестовите, но во прв момент не е добро“, изјави Ковач.
Овусу за тој старт доби само жолт картон од страна на судиите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

