Нико Ковач дојде во Борусија Дортмунд со големи надежи дека Хрватот експресно ќе ги поправи резултатите по кризата што владееше под водство на Нури Шахин. Хрватот засега не ги оправда очекувањата, „милионерите“ продолжија со просечни изданија губејќи бодови во Бундес-лигата, но барем авантурата во ЛШ засега е успешна, ако се знае дека Борусија има предност од 0-3 од првиот меч со Спортинг одигран во Лисабон.
За очекување е „милионерите“ утре во Дортмунд само да го потврдат пласманот во осминафиналето, но Ковач ја искористи денешната прес-конференција да даде осврт за она што го забележува кај својот нов тим.
„Она што јас како тренер морам да го направам што поскоро е да ја зајакнам самодовербата кај фудбалерите. Таа самодоверба се добива со квалитетна работа на тренинзите, добри игри и победи. Гледам многу позитивни работи, Борусија има навистина квалитетни фудбалери, но нивниот проблем е во главата. Штом го средиме тоа, се ќе биде подобро. Почнувајќи од дуелот со Спортинг, мораме да бидеме се подобри и подобри на секој нареден меч. Погрешно е да се верува дека сме веќе во следната рунда, тоа во Лисабон беше само прво полувреме“, истакна Нико Ковач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

