Ковач дециден: Левандовски останува во Баерн

Иднината на Роберт Левандовски е во Баерн Минхен и тоа сигурно нема да се промени. Ова е јасната порака што новиот тренер на баварскиот гигант, Нико Ковач, ја испрати до својот најдобар стрелец по обидот на Левандовски да се избори за заминување од „Алијанц арена“ во овој преоден рок.

Ништо не е сменето кога станува збор за Роберт. Ситуацијата е јасна – тој е нашиот најдобар стрелец и нема да го продадеме“ – истакна Ковач.

Хрватскиот стратег е свесен дека Полјакот бара трансфер, но и децидно му порачува дека тоа нема да се случи.

„Тој сака да си оди, тоа е една работа, а друга работа е што сакаме ние. Ова е Баерн Минхен, имаме топ-фудбалер и немаме намера да го продадеме. Тој има долгогодишен договор и уште долго ќе го носи дресот на Баерн. Роберт е професионалец и свесен е дека ќе треба да продолжи да постигнува голови за Баерн“ – порачува новиот тренер на баварскиот гигант.

 

Се вчитува...