Германскиот првак Баерн Минхен излезе победник во трката за францускиот репрезентативец Бенјамин Павар. Тој потпиша петгодишен договор со важност од 1 јули 2019 година и по завршувањето на сезоната од Штутгарт ќе пристигне на „Алијанц арена“. Баерн Минхен плати 35 милиони евра отштета за десниот бек на „швабите“.
„Среќни сме што успеавме да го договориме трансферот на Бенјамин Павар. Тој потпиша петгодишен договор и од 1 јули 2019 година ќе ни се приклучи. Се е завршено, Павар стави потпис на договорот пред неколку дена“, откри спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ.
Баварскиот клуб се наоѓа на мини подготовки во Доха, во пресрет на вториот дел од сезоната во Бундес-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА