Борусија Дортмунд во петтото коло од Бундеслигата го совлада Мајнц на гостински терен со 2-0 со што го задржа чекор со Баерн Минхен кој е на првата позиција на табелата без пораз.
Тренерот на „милионерите“ Нико Ковач имаше интересна изјава по крајот на натпреварот велејќи дека најголемиот дел од навивачите во Германија не сакаат баварците лесно да освојат нова титула во Бундеслигата.
„Тимот покажа како треба да изгледаме на гостувањата. Го лимитиваме Мајнц и заслужено славевме. Посебно ми е мило за моите играчи кои добија награда за одлично одиграниот натпревар. Бундеслигата е возбудлива, а ние сме фокусирани само на себе и сакаме да останеме на врвот на германскиот фудбал.
Знам дека најголемиот дел од навивачите во Германија се надеваат дека Баерн нема да се „прошета“ во првенството, но ние мораме да размислуваме само на себе и да имаме континуитет во резултатите“, изјави Ковач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

