Баерн Минхен во саботата уште еднаш ги разочара своите навивачи со ремито против Фортуна Дизелдорф на „Алијанц арената“ и покрај водството од 3-1 до пред самиот крај на натпреварот.
Сосема извесно дека тој кикс, во трет меч по ред без триумф за Баерн, и дефинитивно му пресуди на тренерот Нико Ковач кој, според најавите, уште само вечерва против Бенфика во Лигата на шампионите ќе ги води Баварците.
Токму пред мечот со Бенфика, германски „Билд“ излегува со пикантерии од соблекуваланата на Баерн Минхен пишувајќи дека Нико Ковач повлекол несекојдневен потег во неделата повикувајќи ги фудбалерите во клупското седиште. На тој состанок Ковач, воопшто не разговарал за ремито со Фортуна или денешниот дуел со Бенфика, но жестоко ги нападнал фудбалерите обвинувајќи ги за се лошо што се случува во клубот оваа сезона. Притоа Ковач одржал и еден вид говор за збогум…
„Мене наскоро тука нема да ме биде, но пред тоа сакам нешто да ви кажам…“ – истакнал Ковач и почнал со рафалите критики и навреди, посебно кон главните ѕвезди на тимот.
Очигледно е дека сега Хрватот се претвора во нова жртва на оваа група фудбалери која претходно му ја „скинаа главата“ и на Карло Анчелоти. „Билд“ наведува дека главниот приговор бил дека во соблекувалната владее став како сите да знаат повеќе од Ковач.
И, на сето тоа, како што пренесува германскиот весник никој од фудбалерите не покажал разбирање туку повториле дека шефот на стручниот штаб е тој кај ја води целата приказна и на крајот одговара за се.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА