Ковач ќе ослободи четворица, а Баерн ќе инкасира 200 милиони евра

Германскиот првак Баерн Минхен ги почна подготовките за новата сезона, а шефот на стручниот штаб Нико Ковач го селектира составот на баварскиот тим. Како што информираат германските медиуми, тој веќе одлучил четворица фудбалери да си заминат од „Алијанц арена“. Тоа се Артуро Видал, Џером Боатенг, Тијаго Алкантара и Хуан Бернат. Тие ќе бидат на клупската трансфер – листа, со можност да заминат во друга средина доколку за нив биде платена сумата што ја бара Баерн Минхен.

Артуро Видал е пред трансфер во Серија А, и за него најзагреан е Интер. „Нероаѕурите“ би требало да уплатат 35 милиони евра, но можно е Чилеанецот да замине и во Челси.

За Тијаго Алкантара е заинтересиран Манчестер сити и Барселона, а неговата вредност е 60 милиони евра. Уште повеќе Баерн Минхен би заработил со евентуалната продажба на Џером Боатенг, кој е проценет на 80 милиони евра. Хуан Бернат најверојатно ќе се врати во Шпанија, а за него клубот бара отштета од 25 милиони евра.

 

 

Се вчитува...