Ковач: Направивме премногу грешки и скапо ги плативме

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, ја коментираше елиминацијата на неговиот тим од Лигата на шампионите по пресметката со Аталанта во плејоф рундата за место во осминафиналето.

Првиот натпревар заврши со победа на германскиот тим од 2:0, но во реваншот Италијанците победија со одлучувачки 4:1, со пенал во последните мигови од мечот, со што „милионерите“ мораа предвреме да го завршат натпреварувањето.

„Прво да им честитам на сите во Аталанта. Тие играа на ист начин како што игравме ние на првиот натпревар, и за жал, освен голот што го постигнавме, не можевме да го покажеме нашиот фудбал. Беше многу тежок натпревар во кој направивме премногу грешки, а во Лигата на шампионите таквите грешки се плаќаат скапо“, додаде тренерот.

Се вчитува...