Тренерот на Борусија Дортмунд Нико Ковач после поразот од Баер Леверкузен, даде помалку несекојдневна изјава за медиумите, откако кажа дека не ги знае сите детали за неговиот договор со „милионерите“.
Прашан околу новиот договор за стоперот Нико Шлотербек, во кој наводно има клаузула за заинтересираност од Реал Мадрид, Ковач одговори:
„Да бидам искрен, не знам детали ниту од мојот договор со Борусија Дортмунд, така што не знам за моите играчи“, рече Ковач.
Потоа новинарката му кажа дека таа ги знае деталите, по што Ковач одговори:
„Ете, и вие сте пред мене…“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

