Ковач отпиша два фудбалери на Борусија Дортмунд

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач се одлучи за неочекуван потег од тимот да ги исфрли двата талентирани фудбалери Јулијан Дуранвил и Кол Кембел и покрај тоа што поради повреди има слободни места во составот.

Овој потег на искусниот стратег доаѓа поради незадоволство со 19-годишниците поради нивното незалагање на тренинзите и доцнењето во текот на неделата.

И покрај тоа што очекувањата од овие двајца се големи, нивниот развој во германскиот гигант не се одвива на посакуваното ниво.

Дуран пристигна во Дортмунд во 2023 година од Андерлехт за 8.5 милиони евра, додека година дена порано клубот го засили американскиот фудбалер Кембел кој настапуваше за Атланта и два исландски клубови.

Се вчитува...