Германскиот првак Баерн Минхен комплетно ќе го откупи договорот на Бразилецот Фелипе Кутињо. Тренерот Нико Ковач е презадоволен од неговите игри и побара од раководството да ја искористи клаузулата во договорот за негово откупување за сума од 120 милиони евра. Кутињо дојде на едногодишна позајмица од Барселона и одлично се прилагоди на играта во баварскиот тим.
Баерн Минхен игра одлично во последниот период и во Бундес-лигата и во Лигата на шампионите. Тимот на Нико Ковач го декласира Тотенхем во Лондон со убедливи 2-7.
Доколку Бразилецот биде откупен од баварскиот гигант, тој без конкуренција ќе стане најскап фудбалер во историјата на најтрофејниот германски клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА