Борусија Дортмунд и Барселона вчера на „Вестфален“ одиграа интересен реванш натпревар од 1/4 финалето во Лигата на шампионите, кој заврши 3-1 во корист на „милионерите“. Херој беше Серху Гираси кој постигна „хет-трик“, но тоа не беше доволно да се стигне предноста од првиот меч, која изнесуваше 0-4 во корист на „каталонците“.
Сепак, Борусија Дортмунд со водството од 2-0 го направи мечот поинтересен и донесе забава на својата публика, а потоа автогол го запечати пласманот на гостите во следната фаза.
„Ние сме во полуфинале и тоа е најважно. Гледајќи ги двата натпревари заедно, заслужено сме во полуфинале. Борусија е одличен тим, ни ја отежни задачата, но одиме напред и тоа е единствено што е важно. Не бевме најдобри, но и нашиот противник одигра одлично. Долг е патот, кога ќе стигнете до најдобрите четири е одлично. Не е важно кој ќе биде нашиот противник“, заклучи Флик.
Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, беше горд на својот тим по нивната победа од 3-1 во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите со Барселона . Германците се елиминирани од натпреварувањето поради поразот од 0:4 во првиот натпревар. Сепак, тренерот го пофали својот тим што им го нанесе првиот пораз на Каталонците од почетокот на 2025 година.
„Ова беше одличен натпревар, особено за мојот тим. Имаше висок интензитет и притисок на првите позиции. Секако дека сум разочаран што сме елиминирани, но и го нанесовме првиот пораз на Барселона во 2025 година, а тоа значи многу. Можеме да бидеме горди на себе. Бевме храбри, важен фактор беше и нашата публика. Ваквата игра против Барселона е причина што сум горд”, смета Ковач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА