Тренерот на Волфсбург, Нико Ковач пред натпреварот на неговиот тим со Борусија Дортмунд во Бундеслигата, го коментираше досудениот пенал на ПСЖ во дуелот со „милионерите“ во Лигата на шампионите.
Поранешниот тренер на Баерн кажа дека судењето на пенали поради игра со рака е катастрофално, и дека еден судија може да го досуди, додека друг може да го окарактеризира дека не е.
„Правилото на играње со рака е катастрофа. Тоа е провизволно, не постојат единствени услови. Еден свири, друг не… Јас сум за враќање на фудбалот на корените, кога сите знаеја што се случува. Ова сега е катастрофа“, рече Ковач и додаде:
„Треба да тренирате само како да го погодите противникот во рака и тогаш некој од „подрум“ ќе се јави и ќе каже дека е пенал. Тоа не може така. Го уништивме фудбалот“, изјави Ковач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

