Тренерот на Борусија Дортмунд, Нико Ковач не го губи оптимизмот за пласман на неговиот клуб во полуфиналето од Лигата на Шампионите и покрај високиот пораз од четири гола на првиот меч од пресметката со Барселона.
Хрватскиот стратег е свесен за предизвикот, но верува дека неговиот тим може да направи чудо и да го елиминира шпанскиот фаворит.
„Ситуацијата ни е јасна. Сакаме да покажеме сосема поинакво лице во споредба со првиот натпревар и да победиме. Чудата секогаш се возможни, но знаеме дека и Барселона не изгубила ниту еден натпревар оваа година. Мораме да бидеме максимално дисциплинирани, да ги искористиме нашите шанси и да играме со голема страст пред нашите навивачи. Иако е тешко, ние сме Борусија Дортмунд и никогаш не се предаваме“, вели Ковач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА