Ковачевски: РК Пелистер повторно ќе биде моќен

Новото раководство на ракометниот клуб Пелистер се претстави денеска на официјална прес – конференција во Битола. Претседателот Васко Ковачевски најави дека ќе го даде својот максимум за РК Пелистер повторно да биде моќен.

„Ракометниот клуб Пелистер е спортскиот бренд на Битола. Зедовме обврска да ги регулираме сите обврски за клубот. Општина Битола како единствен акционер одвои значителна сума за клубот, но ги повикувам сите стопанственици, луѓето од бизнис секторот да ни се приклучат. Управниот одбор брои девет члена, но наскоро ќе приклучиме уште неколку луѓе.Ветувам силен и организиран Пелистер, кој ќе биде значаен фактор во македонскиот ракомет, но и на меѓународна сцена“, ја пренесува телевизија „Тера“ изјавата на првиот човек на клубот, Васко Ковачевски.

Екипата на Стевче Алушовски презими како прва во Суперлигата со само еден пораз во 13 натпревари.

Фото: www.tera.mk

Се вчитува...