Си-Би-Ес напиша дека Саудиска Ал Наср сака да го доведе Матео Ковачиќ (30) и да му даде една од најголемите плати во историјата на фудбалот. Според американските медиуми, Ковачиќ би заработувал нешто повеќе од еден милион евра неделно. Саудијците се надеваа дека ќе го доведат хрватскиот играч за врска во зимскиот преоден рок. За да успеат во ова, наводно побарале од Кристијано Роналдо да го убеди Ковачиќ на трансфер.
Сепак, медиумите во Манчестер пишуваат дека нема ништо да излезе од тоа. Тие пишуваат дека тренерот на Сити, Пеп Гвардиола е „подготвен да ги спречи плановите на Кристијано Роналдо да го привлече Матео Ковачиќ во Саудиска Арабија“. Англиските новинари додаваат дека се чинеше дека позицијата на Ковачиќ е загрозена по враќањето на Илкај Гундоган (33) од Барселона бидејќи Ковачиќ дојде во Сити токму како замена за германскиот играч за врска.
Ал Наср планираше да ја искористи таа ситуација и со помош на Роналдо да го привлече Ковачиќ со кого играше во Реал Мадрид.
„Гвардиола не сака да го продаде Ковачиќ и планира да го блокира неговото заминување. Веста ќе го разочара Роналдо, иако нема да биде огромен шок со оглед на тоа како Гвардиола му беше трн во око низ годините. Тие се бореа во Англија и Шпанија“, пишува Manchester Evening News.
Понудата за Ковачиќ во Ал Наср требало да биде милион евра неделно, или 64 милиони евра годишно. Тоа е седум пати повеќе од моменталната плата на Хрватот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА