Реал Мадрид е неочекувано пасивен при ангажманот на нови фудбалери, но „кралевите“ се активни кога станува збор за продажбите. Од „Сантијаго Бернабеу“ веќе си заминаа Алваро Мората. Данило и Хамес Родригез, а следен на излезната врата се наоѓа Матео Ковачиќ. Хрватскиот ас е незадоволен од малата минутажа минатата сезона, а со доаѓањето на Дани Себалјос стана јасно дека Зидан нема да смета сериозно на неговите услуги ниту во новата сезона.
Јувентус ја следи ситуацијата на Хрватот и подготвува понуда, откако тренерот Алегри го насочил вниманието кон Ковачиќ по неуспешните преговори со Емре Џан и со Блес Матуиди. Како што јавува „Газета дело спорт“, Реал одредил цена од 25 милиони евра за Ковачиќ, пари што „старата дама“ е подготвена да ги плати за дополнително да го засили својот среден ред.
За хрватскиот репрезентативец овој трансфер би претставувал камбек во Серија А, откако во периодот од 2013 до 2015 година го носеше дресот на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА