Хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ нема да се врати во Реал Мадрид по завршувањето на сезоната. „Кралскиот клуб“ е разочаран од однесувањето на играчот за врска кој во летниот преоден рок бараше по секоја цена да замине од „Сантијаго Бернабеу“ по поголема минутажа и нема намера да го врати во тимот. Оттаму, за Ковачиќ се отвораат две опции, а и двете се да го продолжи пртстојот во Лондон.
Тој би можел да остане на „Стемфорд бриџ“ доколку Челси го откупи неговиот договор од Реал Мадрид, но и ако тоа не се случи, тогаш има опција да заврши во редовите на Тотенхем. Реал Мадрид посакува да го доведе Кристијан Ериксен на „Сантијаго Бернабеу“, а Ковачиќ би бил дел од понудата што „кралскиот клуб“ ќе ја испрати до Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА