Играчот на Хрватска, Матео Ковачиќ по натпреварот со Аргентина и поразот од 3-0, имаше замерки на судењето на Даниеле Орсато и неговите помошници.
Тој смета дека пред досудениот пенал за Аргентина, имало недосуден корнер за Хрватска.
„Тешко ми е да коментирам. Пеналот не уништи. Но, тоа е анализа за другпат. Не можам да верувам дека не ни досуди корнер, а потоа досуди пенал. Никогаш не коментирам судење, но ова се две кардинални грешки на суддите“, рече Ковачиќ кој напомена дека неговата селекција примила два смешни гола.
„Знаевме дека Аргентина го има Меси. Денеска беше феноменален. Но, примивме два смешни гола и останавме без финале. Го сакавме тоа финале, а сега мораме да собереме сили и да се бориме за третото место“, изјави играчот од средниот ред на Хрватска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА