Ковентри и Лутон ќе се сретнат во најскапиот натпревар во Европа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Ковентри ќе бидат противници на Лутон во бараж натпреварот за пласман во англиската Премиер-лига.

Откако во првиот меч на домашен терен ремизираа без голови, Ковентри успеа да слави на гостувањето кај Миделзборо со 0-1 и со тоа да обезбеди натпревар против Лутон на „Вембли“.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 57. минута кога Хамер донесе голема победа за Ковентри. Во првото полуфинале Лутон успеа да го елиминира Сандерленд.

Се вчитува...