Ковид-19 не е пречка за некого: Хулк си ја ожени внуката на поранешната сопруга

Ниту коронавирусот не е пречка за некого да си ги реализира семејните веселби. Па, така Бразилецот Хулк, само три месеци откако се разведе од сега веќе поранешната сопруга Иран Анџело де Суза, си се ожени со нејзината внука Камила.

Бразилската јавност пред неколку месеци беше шокирана од информацијата дека Хулк се забавува со внука од сестра на неговата соприга. А, сега повторно ја шокира јавноста со веста за семејни веселби во време кога и во Бразил се забрануваат собирите поради коронавирусот. Но, венчавката им беше неопходна за да може неговата нова сопруга да добие дозвола за престој во Кина каде во моментов настапува Хулк, и по повторниот старт на првенствата треба да се врати.

Инаку Хулк и неговата претходна сопруга во брак беа 12 години и имаат три деца, синовите Јан (10) и Тијаго (8) како и ќерката Алис (6).

Се вчитува...