Под знак прашалник е одигрувањето на утрешниот натпревар меѓу Партизан и Чукарички во српскиот шампионат, откако дури шест фудбалери на Чукарички се позитивни на Ковид-19.
Како што пренесуваат српските медиуми, сите шест фудбалери на Чукарички заедно со тренерот Александар Веселиновиќ почувствувале симптоми поради што се испратени на тестирање. Иако, неофицијално, дел од српските медиуми пренесуваат дека нивните резултати се позитивни.
Од Партизан информираа, пак, дека ги очекуваат официјалните резултати по што ќе биде познато дали утрешниот натпревар од 19 часот ќе се игра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА