Олимпија Милано ќе мора да ги одложи наредните натпревари од Евролигата и од италијанскиот шампионат по големиот бран на коронавирус во овој клуб. Раководството на Олимпија вечерва ја информираше јавноста за разочарувачките резултати од вчерашните тестирања, дури осум кошаркари се позитивни на Covid-19.
„Сите позитивни играчи, од кои ниту еден нема потешки симптоми, ќе ги следат здравствените протоколи и ќе одат во самоизолација“, објави италијанскиот шампион.
За утре се закажани нови тестови, но се очекува италијанските власти да донесат одлука целиот тим да замине во самоизолација.
Олимпија Милано требаше в четврток да му гостува на Химки во Русија, но јасно е дека овој натпревар ќе мора да биде одложен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА