Ковид-фијаско: Вида заразен играл цело полувреме против Турција

Пријателскиот натпревар меѓу Турција и Хрватска се претвори во ковид-фијаско откако беше обелоденето дека Домагој Вида одиграл цело полувреме заразен од коронавирус пред да ја дознае информацијата и да го напушти теренот.

Сите фудбалери на репрезентацијата и членовите на стручниот штаб беа негативни на тестирањето пред дуелот со Турција. Сепак, во средата наутро моравме да се тестираме пред мечот со Шведска, официјалните резултати ги добивме по полноќ по локално време, а тие покажаа дека репрезентативецот Домагој Вида е позитивен на коронавирус“, се вели во соопштението на Хрватската Фудбалска Федерација.

Првите најави дека дефанзивецот би можел да биде позитивен до стручниот штаб стигнале на полувремето, по што селекторот Далиќ веднаш го повлекол Вида од игра. Сепак, останува во следните денови да се види дали овој фудбалер заразил уште некого од репрезентативните колеги, или пак од ривалите од турскиот национален тим со кои беше во дуел во првите 45 минути од вчерашнот натпревар.

Се вчитува...