Кожуф, под водство на Славчо Георгиевски, ги почнува подготовките за пролетта (ФОТО)

Екипата на Кожуф денеска на градскиот стадион во Гевгелија ги стартуваше подготовките за пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига.

Гевгеличани ќе бидат предводени од новиот тренер Славчо Георгиевски – Тупан, со неколку најавени промени во составот од есенскиот дел.

Како што информираат од клубот за пролетниот дел од сезоната шанса ќе добијат и повеќе играчи од младинската школа на ФК Кожуф.

Се вчитува...